Директорката заразена со коронавирус останува со лиценца, може да добие само јавна опомена

од Aleksandar Todeski
410 прегледи

Лекарската комора може да и изрече само опомена како највисока казна на директорката на Кожно, Нина Цаца Билјановска која е заразена со коронавурсот, а поради несовесно однесување доведе во опасност повеќе од 200 лица.

Од таму велат дека во моментов нема можност за одземање на лиценцата за работа на Билјановска, а за јавната опомена ќе одлучува етичката комисија на Лекарската комора.

Етичката комисија ќе заседава утре, како што велат таму, Законот за здравствена заштита не предвидува мерка за загрозување на јавно здравје. Комората побара докторите на медицина и сите здравствени работници да ги почитуваат во целост дадените препораки, упатства и насоки.

„Во врска со директорката заболена од коронавирусот и која не ги почитувала препораките на здравствените власти, Лекарската комора ќе постапи согласно законските и подзаконските акти, по што јавноста ќе биде информирана“, велат од таму.

Слични содржини