Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, нагласува дека пописот на населението што се планира за следната година, ќе помине без политички влијанија.
Според Симевски, поради тоа се настојува да не постои графа за етничката припадност на граѓаните.
-Попис во Македонија ќе мора да има. Не станува збор ниту за наша желба, ниту за било што друго. Постои потреба од тие податоци. Политичкото влијание беше проблем во изминатиот попис. За овој попис сме насочени да се избегне какво било политичко влијание, потенцира Симовски.
За разлика од неуспешниот попис во 2011 година, овојпат ќе учествува и дијаспората, односно лицата кои не се во земјава повеќе од една година, наведува тој во интервју за Алсат-М.