Директорот на Фајзер: Вакцината против ковид ќе треба да се прима секоја година

од Milan1

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, верува дека луѓето ќе мора да ја примаат вакцина против Ковид во следните неколку години, јавува денеска Би-Би-Си.

Бурла наведува дека тоа ќе биде неопходно за да се одржи „високо ниво на заштита од вирусот“.

ковид, вакцинација, вакцина, вакцини, пандемија, ковид, корона, карантин, изолација, антиген, тест, тестирање, вирус, сој, превенција, пиксабај 66

Извршниот директор на „Фајзер“ разговараше за Би-Би-Си пред појавата на вирусот омиркон, но и пред британската влада да купи дополнителни 54 милиони дози вакцина „Фајзер“ и 60 милиони дози модерна вакцина за 2022 и 2023 година.

Овие договори вклучуваат пристап до модифицирани вакцини доколку е потребно поради омикрон, но и до идни варијанти на вирусот.

Бурла изјави дека Фајзер веќе ја „подобрила“ вакцината за да одговори на бета сојот што се појавил во Јужноафриканската Република.
Компанијата сега работи на подобрена вакцина како одговор на варијантата омикрон, а таа би можела да биде готова за 100 дена, додаде Би-Би-Си.

До крајот на годината, рече Бурла, Фајзер ќе произведе вкупно три милијарди дози вакцини, додека четири милијарди дози се планирани за следната година

Слични содржини