Директорот на „Службен весник“ во самоизолација, бил во контакт со Лукаревска

од Берта Китинска

Директорот на „Службен весник“ Мартин Костовски предмалку на својот Фејсбук профил објави дека ќе биде во 14-дневна самоизолација поради контакт со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

– И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас пред еден час направив тест за вирусот КОВИД – 19 поради контактот со другарката Сања Лукаревска која е позитивна на вирусот. За среќа немам никаков симптом и се надевам дека нема да бидам позитивен. Следните 14 дена ќе бидам во самоизолација и обврските ќе ги вршам во домашни услови. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни, напиша Костовски.

Слични содржини