Дирк Новицки доби улица во Далас

од desk2
195 прегледи

Легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки доби улица со неговото име во градот Далас во сојузната држава Тексас во САД.

Новицки е најдобриот стрелец во историјата на НБА клубот Далас маверикс, цели 20 години го носеше дресот на „дивите телиња“, па затоа му беше оддадена ваква чест, со оедногласна одлука на советот на градот Далас. Во 2011 година, Далас стана шампион на најсилната лига на светот, а најзаслужен за тоа беше токму „синиот ангел“.

Улицата која е крстена по Новицки, се наоѓа во непосредна близина на салата во која Германецот две децении играше како домашен.