Дита Фон Тис: Сексуалните предатори се како убијците на тигри и слонови. Уживаат во понижувањето

од desk4

Моделот и дизајнер, сексуалните предатори ги спореди со луѓето кои уживаат во лов на голем дивеч за трофеи, изјавувајќи: „Се работи за понижување на луѓе и гледање што тие ќе направат“.

Дита фон Тис посочила дека и таа била жртва на сексуално вознемирување, но, додала дека нема да го посочи 75-годишниот ТВ водител кој ја зграпчил за задник затоа што не и е гајле за тоа.

– Лично мене, не ми е гајле за тоа. Но, мило ми е што луѓето кои биле нападнати или притиснати во ќош ги кажуваат мажите кои им го сториле тоа. Тоа е корсен разговор. Она што треба да се разбере е дека тука не се работи за секс или за тоа да се добие девојка. Се работи за понижување на луѓе и гледање што тие ќе направат. Тоа е како лов на голем дивеч. Тие мажи се како мажите кои сакаат да убиваат слонови и тигри – рекла Дита.

Прашана дали смета дека работите се менуваат, Дита фон Тис одговорила: „Бавно. Неодамна одбив договор затоа што не сакав да играм таква игра и да бидам девојчето на тамунекојси. Тој беше сопственик на ноќен клуб. Не, нема да одам на вечера со тебе во 20 часот во петок или во сабота. Ова е бизнис. Не ми треба тоа. Можам да го направам тоа на чист начин. Никогаш не сум сакала да ја играм таа игра. Никогаш не сум била некој на кој добро му оди со рандевуа со богати момци. Секогаш сум играла по мое“.

Слични содржини