Џ.Д. Венс: Размислувањето дека победата на Украина е на дофат ако ѝ дадеме повеќе пари е фантазија

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс денес изјави дека постои „фантазија“ дека победата на Украина во војната против Русија е „на дофат“ ако Вашингтон ѝ даде повеќе пари и оружје и воведе повеќе санкции врз Москва.

од Vladimir Zorba
3 прегледи Фото: Принтскрин/Ен-Би-Си Њуз

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс денес изјави дека постои „фантазија“ дека победата на Украина во војната против Русија е „на дофат“ ако Вашингтон ѝ даде повеќе пари и оружје и воведе повеќе санкции врз Москва.

Во објава на мрежата X, Венс оцени дека секоја критика на мировна рамка на која работи американската администрација претставува или погрешно разбирање на таа рамка или погрешно претставување на критичната реалност на теренот.

„Мирот нема да го создадат неуспешни дипломати или политичари кои живеат во свет на фантазии. Можеби ќе го создадат паметни луѓе кои живеат во реалниот свет“, рече Венс.