244
Првата дама на Соединетите Американски Држави, Џил Бајден, е позитивна на Ковид-19, по викендот кој го поминала со сопругот, американскиот претседател Џо Бајден.
„Првата дама е позитивна на Ковид-19“, изјави Елизабет Александар, директорка за комуникации на Џил Бајден во понеделникот доцна навечер.
Бајден се врати во Вашингтон во понеделникот.
Ова е втор пат првата дама да се зарази со корона. Во летото 2022 година, и Џо и Џил Бајден беа позитивни. И двајцата закрепнаа по благи симптоми.