ДКСК го нападна Груби: Немаме капацитет да се возиме 24/7 со службено возило за приватни цели, да злоупотребуваме државни простории и службени платежни картички

од Vladimir Zorba

По вчерашните напади на првиот вицепремиер Артан Груби кон Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кој вчера за Сител изјави дека немаат капацитет и немаат направено ништо, од Антикорупциска во официјалната реакција велат дека немаат капацитет да се возат во службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрлаат со буџетски пари.

– Но бидете уверени дека има капацитет да ги исполниме своите законски обврски и надлежности и да изработи бројни иницијативи и препораки кои сеуште чекаат ред и време за да се постапи по нив, порачаа Антикорупционерите.

Потсетија дека четири години по ред во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, добиваат позитивни оценки за својата проактивност и отворање случаи против високи функционери, што е директна потврда за оправданоста на нивното работење и за ажурноста на Комисијата токму во овој состав. Исто така, во своите извештаи ЕК ги повикува надлежните институции да постапуваат по препораките на ДКСК.

„Преку своето работење, независност и непристрасност, Комисијата вложува сериозни напори да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата, а со своето залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото, направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи“, порачаа од ДКСК.

Зачудува фактот, според нив, што оваа оценка на ЕК како највисоко тело на ЕУ Вие не ја признавате и изнесувате неосновани обвинувања, а истовремено се залагате за брз влез во ЕУ.

„ДКСК е независна институција, со надлежност да постапува по предмети за избрани и именувани функционери. Квалификациите за капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата на РСМ за кој има отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата, и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста. Ова дотолку повеќе што неодамна Кабинетот на вице премиерката за добро владеење ја обвини Комисијата за паушални и неосновани обвинувања поврзани со предметот за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко иако на прес конференцијата на ДКСК такво нешто не беше споменато, а вице премиерот за евроинтеграции на билатералниот скрининг за образование култура и спорт побара од претседателката да не ја известува ЕК за поднесената тужба за клевета од страна на директорот за млади и спорт, Наумче Мојсовски“, се додава во реакцијата.

Слични содржини