Дневна дремка над 40 минути може да нè убие

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Јапонски научници предупредуваат дека ако спиеме повеќе од 40 минути во текот на денот, тоа може да нè изложи на сериозен ризик од болести на срцето, пишува  “Дејли мејл”.df928f2c54e6d0929a094f0ab62e8c7b

Слични сиести исто така го зголемуваат ризикот од метаболичен синдром. Тие водат до зголемување на крвниот притисок и холестерол, подигнување на шеќерот во крвта и натрупување на масти во стомачната област. А, сите овие работи се опасни за срцето.

Според тимот на д-р Томохиде Тамада од Универзитетот во Токио, 90-минутното спиење во текот на денот го зголемува за 50 отсто ризикот од метаболичен синдром.

Јапонските научници направиле внимателна анализа на 21 медицински истражувања, опфаќајќи 307 237 лица. Во  прашалници интервјуираните требало да одговорат и на прашања дали си поспиваат во текот на денот. Потоа ги одвоиле сите случаи на заболувања од метаболичен синдром, дијабетес тип 2 и дебелина. Луѓето кои се предаваат на дневна дремка за помалку од 40 минути, немале никакви проблеми. “Магичната бројка е 40!”, истакнува д-р Тамада.

Од направените истражувања сепак не била утврдена директна врска помеѓу долгото спиење во текот на денот и дебелината. Претходното истражување на д-р Тамада потврдило дека дневниот сон со времетраење над час е поврзан со 82 проценти поголем ризик од болести на срцето и со 27 проценти зголемена смртност од секакви причини.