247
Поминати се доста субјекти до 15 септември ќе имаме комплетна анализа во владата во однос на четвртиот пакет на мерки, најави денеска премиерот Зоран Заев пред средба со претставници на лозарите во Кавадарци.
-До 15 септември ќе имаме комплетна анализа, поминавме многу субјекти и ќе се виде конечниот сублимат со дизајнирањето на новиот пакет.Следува работа со министрите од економските ресори.Овој пакет мерки ќе биде помош во економијата и ќе биде мотивација за зајакнување на потрошувачката како и враќање на работниците на работните места со новиот сет мерки, изјави Заев.