До 9 часот гласале 326 граѓани на седумте избирачки места

од Nikola Popovski
234 прегледи

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека до 9 часот, излезноста на гласачките места каде што има прегласување изнесува 7,22% односно 326 гласачи. Вкупниот број на граѓани кои имаат право на глас е 4514.

Во споредба со гласањето на 8-ми мај, според излезеноста до 9 часот, се забележува зголемен одзив за 4,07% на овие избирачки места.

-Досега гласањето е непречено без најави за некакви проблеми на избирачките одбори. Нема пристигнато приговори за повреда на гласачкото право, информира портпаролката на ДИК.

Денеска се прегласува во седум избирачки места, по две во општините Крушево и Долнени и на по едно во Охрид, Струга и во општина Желино. Со двата пратеника треба да се комплетира новиот собраниски состав.

Слични содржини