До недела пристигнуваат 600.000 вакцини, од понеделник почнува поголема кампања за имунизација

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека до крајот на неделата треба да пристигнат 600.000 дози вакцини.

„Петок стигаат 100.000 Фајзер, а во недела пристигнуваат со два чартер-летови 500.000 дози од компанијата Синовак“, информира премиерот и додаде дека од понеделник сите 180.000 граѓани што се пријавиле, а се уште немаат примено вакцина, ќе ја примат.

Тој додаде дека од понеделник ќе започнат со поголема кампања за вакцинација.

„Засега таа добро се одвива. Таргетот е милион и двесте илјади граѓани што треба да бидат вакцинирани. До 20-ти јули годинава очекуваме половина милион граѓани да се имунизирани со две вакцини“, нагласи Заев во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини