Во некои планински области во Грција веќе има снежна покривка од околу 30 сантиметри , пишува Катимерини.

Лошото време во нашиот јужен сосед предизвика сообраќајни проблеми во многу делови од земјата.

Во планината Осака во Тесалија има навеано  50 сантиметри снег.

Во некои делови на земјата, движењето по патишта е само со синџири.

Се очекува некои градови да бидат блокирани од навевите .

Крајбрежниот брод меѓу островите Закинтос и Кефалонија останува прекинат.