Вистински хорор се случувал во Тексас, САД каде еден маж, чие име не е објавено, до смрт го избодел својот 16-месечен син, пред соседите.

Имено, снимката на сведоците покажува како полицијата го фатила таткото неколку минути откако го избодел и го претепал синот.
Злосторството ги потресе неговите соседи во Левисвил, но и полицијата која дошла на лице место.
Ужасниот напад го сопрел сосед, кој пукал и го погодил таткото во нога, но за малото детевеќе било доцна.
Починал на лице место.
Полицијата соопшти дека таткото е во болница, каде се опоравува од раните, но и од исечениците по рацете кои ги здобил додека го напаѓал синот.
Се очекува полицијата да го објави неговото име откако ќе го пуштат од болница и ќе го преместат во затвор за свирепо убиство.
Едуардо Каранѕа снимал додека полицијата го влечела човекот, кој според очевидци, го тепал и го избодел својот син додека извикувал: Исус доаѓа!.