Добри вести од Италија: Отстранета опасноста од поплави, 10.000 луѓе се вратија дома

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на евакуирани поради поплавите во регионот Емилија Ромања е намален на 26.324, откако 10.000 од нив се вратиле во своите домови.

Според агенцијата „Анса“, водата полека се повлекува од Фаенца, Форли, Чезена и другите најтешко погодени места.

Од друга страна, вода се уште има во Равена и околината, но се проценува дека опасноста од поплави е елиминирана.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се врати порано од очекуваното од самитот на Г7 во Јапонија, ги посети поплавените подрачја и вети „итни одговори“.

Таа додаде дека денеска ќе разговара со министрите на италијанската влада со цел да се договорат оптимални мерки, отштета и помош.

Претседателот на регионот Емилија Ромања, Стефано Боначини изјави дека поради 300 активни свлечишта ќе биде потребно, меѓу другото, да се реконструираат над 600 патишта.

„Има луѓе кои изгубиле се во своите домови и работни места и ќе се бара 100 процентна отштета. Потребна ни е и материјална реконструкција на инфраструктурата“, рече тој.

Слични содржини