Две недели откако десет италијански градови беа прогласени за т.н. „црвена зона“, за првпат во нив немаше ново заразени лица, рече италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.
Во Италија досега се заразени 15.113 лица, при што 1016 починале од коронавирусот.

Откако италијанската влада воведе драстични мерки и затвори многу продавници, барови, ресторани и фризерски салони и го ограничи движењето, се чини дека тие мерки конечно ги даваат првите резултати.
Тоа го потврди синоќа во интервју за БиБИСи, министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Имено, две недели откако во десетина градови во северна Италија беа прогласени за т.н. „црвена зона“ и затворени, конечно нема нови заболени кај нив.
Мерките воведени во овие градови служеа како модел за остатокот од земјата. Патем, досега се излечиле 1.258 лица од вирусот корона во Италија, а бројот заразен во средата е зголемен на 2.651.
Италијанците очекуваат дека резултатите од ограничувањата ќе се видат за околу две недели и дека ширењето на коронавирусот треба да биде ставен под контрола, особено во градовите надвор од почетната „црвена зона“.