ДОБРИ ВЕСТИ ОД СЗО: Намалена смртноста од корона за 20 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), глобалната смртност од ковид-19 е намалена за 20 отсто во периодот од 15 до 21 февруари, во споредба со претходниот еднонеделен просек.

Тенденцијата на опаѓање на смртноста трае веќе шест недели по ред, се наведува во редовниот неделен извештај на СЗО, пренесува ТАСС.

Падот на инциденцата на коронавирусна инфекција е особено забележлив во земјите од Северна и Јужна Америка (19 отсто), Западен Пацифик (9 отсто) и Европа (7 отсто), а падот на смртноста е регистриран во Африка (20 отсто) и Југоисточна Азија (6 отсто).

Во последните седум дена, регистрирани се околу 1,06 милиони нови инфекции и повеќе од 34 илјади смртни случаи во Северна и Јужна Америка, а во Европа повеќе од 939 илјади нови случаи на инфекција со коронавирус и над 24 илјади смртни случаи.

Бројот на новоинфицирани е зголемен во последната недела во САД и изнесува повеќе од 480 илјади, а на второ место е Бразил со повеќе од 316 илјади новоинфицирани.

 

Слични содржини