Добри вести за ЕУ: Орбан и Качински се чини дека се откажуваат од своето вето

од Stefanija Kuzmanovska

Полска и Унгарија прелиминарно го прифатија предлогот за буџетот на Европската унија, додека Германија претседава со ЕУ, а сега се чека одобрување од Холандија и другите „скептични членки на ЕУ“, изјави висок претставник на полската влада, пренесе Ројтерс.

„Постигнавме прелиминарен договор, но сепак има одреден притисок … Целта е да се заврши сето ова пред почетокот на самитот на ЕУ“, откри полскиот официјален претставник, кој инсистираше на анонимност, пренесува Ројтерс.

Полска и Унгарија блокираат буџет на ЕУ од 1,8 милијарди евра затоа што се спротивставуваат на идејата дека владеењето на правото не може да биде услов за пристап до пари од европскиот буџет и планот за закрепнување, освен ако не се смени основниот документ на Европската унија.

Германија, која во моментов е на чело на ротирачкото претседателство со ЕУ, попладнево свика состанок на амбасадори од 27 земји-членки, на кој главна тема е буџетот на Унијата, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на неименуван дипломат на ЕУ.

Германското претседателство со ЕУ рече дека натамошното одложување на значајниот долгорочен буџет на Европската унија од 1,82 милијарди евра и пакетот за закрепнување од пандемијата на коронавирус ќе биде „неодговорно“, додека дипломатите предвидуваат решение без Полска и Унгарија, двете земји на ЕУ кои го одложуваат усвојувањето на тие мерки.

И Полска и Унгарија, кои имаат конзервативни, националистички влади, изјавија дека стравуваат дека механизмот на ЕУ ќе се искористи за казнување на она што тие го сметаат за свои вредности.

Доколку лидерите на ЕУ не го усвојат буџетот за 2021-2027 година. пред крајот на оваа година, ЕУ ќе продолжи да троши, но ќе работи со ограничени ресурси, при што максималното месечно трошење е дванаесеттина од буџетот за претходната финансиска година. Многу проекти во Полска и Унгарија што ЕУ веќе формално ги истражува за потенцијално кршење на владеењето на правото може да се задржат.

 

Слични содржини