Интересна беше ситуацијата на гала свеченоста во Лондон

Кристијано Роналдо синоќа беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Според очекувањата, Португалецот собра најмногу поени и заврши пред Лионел Меси и Нејмар.
На гала свеченоста во Лондон, Роналдо беше заедно со својот син, Роналдо Јуниор. Синот на Кристијано уште од претходно е познат како голем фан на Лионел Меси, а тоа се покажа уште еднаш на церемонијата во Лондон.
Додека Роналдо држеше говор по добивањето на признанието за најдобар, син му Јуниор беше фокусиран на Меси. Малиот Роналдо беше свртен да го гледа Аргентинецот, додека Кристијано се заблагодаруваше на наградата./Sport Media
