Доделување на признанието „Златен објектив“ во Кинотека на Македонија

од desk4
90 прегледи

  На филмскиот работник  Панта Мижимаков денеска во Кинотеката на Македонија ќе му биде доделено признанието за исклучителен придонес во македонската кинематографија „Златен објектив“.

Кинотеката на Македонија го доделува ова признание на поединци кои со своето професионално делување придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира.

Досегашни добитници на оваа награда беа режисерите Бранко Гапо и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски и Љубе Петковски, доајените Благоја Дрнков, Трајче Попов, Коста Крпач, Илинденка Петрушева.

По свеченото доделување на „Златниот објектив“, ќе се одржи и проекција на краткиот документарен филм „Ликвидатор“ во режија на Трајче Попов.

По завршувањето на проекцијата ќе следи разговор со Панта Мижамаков на кој ќе бидат присутни истакнатите филмски работници Илинденка Петрушева, Русомир Богдановски и Столе Попов.