Адвокатот Додевски тврди: Сеад Кочан е на службен пат, а не во бегство

од desk2
85 прегледи
Сеад Кочан е на службен пат, а не во бегство, тврди неговиот адвокат. Заминал пред да биде донесено решението за пртивор, и со тоа не може да се третира како бегалец, Решението за притвор е обжалено, информира ТВ21. 
Во продолжение, целосната реакција на адвокатот на Сеад Кочан:
“Вчера, одбраната на осомничениот за кој што ми поставивте прашање поднесе жалба против Решението за определување мерка притвор кое ни беше врачено само неколку часа претходно.
Обжаленото Решение сметаме дека е донесено со груби прекршувања на Законот за кривичната постапка, анахроно Решение кое како да е донесено по теркови од пред триесетина години кога Република Македонија не знаеше за постоење на Конвенција за заштита на човекови права и за Европскиот Суд за човекови права, неговата судска практика и немаше обврска да ги почитува истите. Кривичниот Совет во целост ги игнорирал обврските кои што ги има според Законот за кривичната постапка и Европската конвенција за човекови права, дури донел решение за притвор без да спомене дали во случајот постои основано сомневање за сторено кривично дело иако тоа е првиот предуслов за судот да може и да размислува за мерката притвор.
Целиот текст можете да го прочитате тука