Договорот со Бехтел и Енка го добивме од свиркач, потврди Мицкоски

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска потврди дека од нивната партија од свиркач го добила Договорот со компанијата Бехтел и Енка за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

-Бројката во Договорот се облигација кои што ги има создадено државата, што по основ на Договорот, што по основ на пенали, затоа што нема измена во измена на Законот за работни односи. Точно се 301.495.000 евра, кажа Мицкоски од општина Аеродром.

Мицкоски додаде дека има сигурни информации дека пред два дена од Трезор се префрлени пари преку Министерството за транспорт и врски, на ЈПДП во висина од околу 120 милиони евра.

-Претпоставувам дека треба да се легнати на компанијата изведувач на овие Коридори. Ве повикувам да ги прашате надлежните, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека не се против тоа што конзорциумот Бехтел и Енка си ги брани своите интереси околу Договорот.

Слични содржини