Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство стигна во Собранието

од Nikola Popovski
32 прегледи

Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52. пленарна седница.

По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стамер Мицкоски што го објавија на средба во Тирана на 18 мај, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, македонската Влада на седница на 20 мај го усвои текстот на Договорот со кој е дефинарно партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, а Предлог законот за негова ратификација вчера беше испратен во Собранието.

Целта на Договорот, што ќе биде во сила 10 години, е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти, во секторите, транспорт, здравство, технологија, енергетика и други критични сектори во Република Македонија.

Финансиската поддршка за Македонија е во висина на 5 милијарди британски фунти, односно 6 милијарди евра, а опфатени се проекти од областа на здравството, транспортот, технологија и енергетиката. Предложено е обновување и реконструкција на болниците во Штип и во Кичево, и Универзитетскиот клинички центар во Скопје.

Ќе се инвестира и во брза железница долж коридорот 10 која ги поврзува граничните премини Табановце и Богородица, главниот град Скопје и меѓународниот аеродром. За владата ова е историски договор кој ќе донесе бенефит за сите граѓани.

Слични содржини