Ако веќе сте ја примиле првата доза на вакцина и чекате на следната, можеби ќе ве интересираат резултатите од студија спроведена неодамна.
Многу се дискутираше за комбинирање на вакцините, а Центарот за превенција и контрола на болести не го советува ова освен ако не станува збор за специфична, посебна ситуација. Едно истражување открило дека комбинацијата од две различни вакцини може да доведе до повеќе реакции, но од кои ниту една не е многу сериозна.
Универзитетот во Оксфорд спроведе студија во која беа вклучени 463 волонтери на возраст од најмалку 50 години. Од нив било побарано да примат 2 дози од истата вакцина или комбинација на вакцини, со разлика од 28 дена. Волонтерите исто така беа поделени во две групи, од кои едната ја прими вакцината на „АстраЗенека“ првиот пат и вакцината на „Фајзер“ вториот пат. Другата група го стори спротивното – прво „Фајзер“, а потоа „АстраЗенека“.
Резултатот, објавен во списанието „Лансет“, објаснува дека учесниците пријавиле лесни симптоми како што се главоболка, треска, болки во мускулите, откако примиле две дози различни вакцини.
Исто така, се наведува дека 34 проценти од волонтерите кои прво примиле вакцина на „АстраЗенека“ пријавиле дека имаат треска, додека само 10 проценти од пациентите кои примиле две дози на „АстраЗенека“ пријавиле исти симптоми. Околу 41 процент од оние кои прво примале „Фајзер“, а потоа „АстраЗенека“ пријавиле треска, а оние кои примале само „Фајзер“ ги доживеале истите симптоми, но само во 21 процент од случаите.
Според оваа студија, повеќето реакции се случиле во рок од 48 часа по вакцинирањето. Ниту еден учесник не пријавил згрутчување на крвта дури ни 7 дена по втората вакцинација.
Како резултат, авторите изјавија дека „мешањето“ на вакцините може да предизвика големи проблеми на краток рок.
„Станува збор за очекувани реакции, а се гледаат и кај стандардните процедури. Во овој случај тие се јавуваат малку почесто, но исто така поминуваат брзо“, додаде д-р Метју Снајп, професор на Универзитетот во Оксфорд.
Истиот тим експерти започнаа да проучуваат како комбинацијата на вакцините на „Модерна“ и „Новавакс“, кои чекаат одобрување, делуваат ако се мешаат. Потребни се и понатамошни истражувања за да се открие како комбинацијата на вакцини влијае на имунолошкиот систем и неговиот одговор. Вакво истражување е важно затоа што, според експертите, во иднина веројатно ќе ни треба само вистинската комбинација на вакцини.