„Докторка“ без диплома лечела деца

од desk2
156 прегледи

 

Докторка во Вршац, Србија, на возраст од 32 години, работела на педијатриското одделение во Општата болница во Вршац Србија, без диплома за завршен Медицински факултет.

Според српските медиуми, 32-годишната докторка, се вработила во СЛужбата за педиијатрија со неонатологија од декември 2015 година, а таму работела до 3 април 2018 година.

Како што утврдил Антикорупцискиот тим на Министерството за здрваство, врз основа на фалсификувана диплома за медицина во март 2016 година потпишала договор за волонтерски приправнички стаж и оспособување за самостојна работа.