Долгата коса е магнет за мажите

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Кога еден маж го губи умот по одредена жена, не треба да се бара посебна логика, но за првиот впечаток изгледот е особено важен.aef5deffb4db9115d5e798194f39b1aa

Француските научници ја спорведоа првата студија која бара врска помеѓу однесувањето и фризурата. Резултатите се категорични – на мажите им се допаѓаат повеќе жени со долга коса.

Според истражувачите таа е знак за добро здравје и квалитетни гени, пишува “Мејл он сандеј”.

За да го докажат своето тврдење научниците направиле интересен експеримент. Две жени – со долга и кратка коса, ја испуштале својата ракавица пред претставници и на двата пола. И додека реакциите на жените биле исти,  мажите покажувале поголемо кавалерство кон долгокосата жена.

“Жените со долга коса остават впечаток за повеќе женственост, младост, здравје и сексапил”, тврдат научниците кои ја објавиле студијата во “скандинавско списание за психологија”. Младоста и доброто здравје инстинктивно се поврзуваат со потенцијал за плодност.