Сенатот на Шпанија е последниот кој треба да даде зелено светло за земјава официјално да стане членка на НАТО, откако утрово Долниот дом во шпанскиот парламент со 279 гласа „за“ и еден „против“ го ратификуваше протоколот.
Веста на социјалните мрежи ја сподели министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој на шпански јазик се заблагодари за ратификацијата.
„Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот“, напиша Димитров.
Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот …
Публикувахте от Никола Димитров – Nikola Dimitrov в Четвъртък, 27 февруари 2020 г.