За да се прифатат трите предлог мерки потребно е да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.
„Владата ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт. За забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот, односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено“, велат од Владата.
Но, сето тоа остана само на разгледување. Иако се очекуваше да бидат усвоени, тоа не се случи. За да стапат на сила овие мерки, Владата донесе заклучок дека е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.
„Во врска со овие препораки Владата донесе заклучок дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе се обезбеди можност со подзаконски акти Владата да ги уреди предложените мерки со цел спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел заштита на населението од заразни болести“, се додава во соопштението од Владата.
Прва зимска слава
Петковден или Зимски Петковден (локално: Петкоан, Петкоен, Петковд’н) — голем христијански празник, особено свавен и почитуван во Македонија. Тој е прв празник за домашна слава од зимките слави. Славта се празнува на 26 и 27 октомври.
Социјални мрежи
„Ајдеее, сега да прааам нов распоред за Свети Никола. Таман ги подредив по 4-ца на 3 саати, види сега шо ми напраја…Абе оти вака се заебавате море !!? КОЛКУ СЕ ПРОЅИРНИ… ГИ ЧИТАМЕ КАКО …БУКВАРЧИЊА.
ВЕДНАШ ТОА БЕШЕ ЈАСНО…А КОГА ЌЕ ДОЈДЕ бајрам……ТОГАШ ШТО ЌЕ СТОРИТЕ…???? Сакам да кажам дека, мислам дека и досегашниве казни за неносење маска (20еур или 10еур во рок од седум дена) се противуставни и противзаконски бидејќи се базирани на владина “Уредба” од април месец која е донесена во време на вонредна состојба-која во меѓувреме заврши како таква (без разлика што таму вели дека Уредбата “важи до завршување на пандемијата”); Имено надвор од вонредна состојба регулатива и казни се регулираат САМО со Закон изгласан во собрание и мислам дека во изминативе месеци незаконски ги испоказнија луѓето фаќајќи ги на страв и неспремност; Би сакал ако има на мреживе некој стручен, адвокат, правник, да ни протолкува дали владава со досегашните казни ги пречекори овластувањата и ги прекрши уставот и законите? Со последнава вест дека за маскиве ќе треба да менуваат Закон-води кон тој заклучок;“, коментираат граѓаните
Ковид статистика
Во земјава надмина нова црна граница кога е во прашање епидемијата со ковид-19. Регистрирана е 800 жртва на новиот коронавирус од почетокот на кризата. Нема изгледи дека бројката на починати пациенти наскоро ќе престане да расте, бидејќи епидемијата повторно доби на сила.
Крушево во моментов нема активни случаи на ковид-19, а од почетокот на епидемијата досега во овој град се регистррани 20 случаи.
Според последните податоците на Министерството за здравство во земјава досега се регистрирани се 21 193, бројката на оздравени пациенти е 16 397, на починати е 800. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 996 на ниво на целата територија.