Домашен сок од коприви: Ја зајакнува и ја чисти крвта

од desk2
110 прегледи

Рецепт за домашен сируп од коприви…

СОСТОЈКИ:
1 л зовриена вода
400 гр свежи млади листови од коприва
7 лимони
800 гр кафеав шеќер
5 лажици ливадски мед
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Листовите коприва добро измијте ги. Во сад ставете вода и 5 лимони кои претходно сте ги исекле. Поклопете го садот и оставете да отстои 24 часа. Следниот ден добро изгмечете ги сите состојки, па процедете. Додајте шеќер и свежо исцеден сок од останатите 2 лимон.
Загрејте ја смесата до вриење и оставете 5 минути да врие, со непрекинато мешање. Ако забележите пена, отстранете ја од површината. Медот ставете го на крај кога смесата ќе се излади.
Смесата чувајте ја во тегла на ладно и темно место.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Слични содржини