ДОНАРУМА ЗА ТРАНСФЕРОТ ВО ПСЖ: Раиола не ми влијаеше, секогаш сум носел професионални одлуки

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума изјави дека неговиот менаџер Мино Раиола не влијаел врз изборот на новиот клуб.

„Има одлуки за кои треба долго време да се донесат. Секогаш сум носел професионални одлуки сам. Моето семејство секогаш ме поддржуваше, како и Мино. Тој ги почитува желбите на своите клиенти 100 проценти и прави се за да ги исполни нивните барања“, изјави Донарума за „Кориере дело спорт“.

Донарума има 22 години и летово го напушти Милан и се пресели во Пари Сен Жермен.

„Го напуштив Милан и немав контакт со други клубови, се колнам. Но, бев сигурен дека нешто ќе се појави со добри игри и резултати на Европското првенство“, рече Донарума.

Слични содржини