432
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли помагаат на оние кои се „брутално погодени“ од пандемијата со коронавирусот.
Преку социјалните мрежи тие најавија дека ќе донираат милион долари на две организации кои претставуваат банки со храна ширум САД и Канада за време на здравствена криза, пренесува People.
„Ковид-19 брутално се одразува на старите личности и сиромашните семејства. Блејк и јас донираме милион долари кои треба да се поделат на Feeding America и Банката со храна на Канада. Доколку и вие можете да дадете, на овие организации им треба помош“, рекол Рејнолдс и додал:
„Грижете се за своето тело и дух. Оставете простор за радост. Јавете му се на некој кој е изолиран и можеби му треба внимание“.