161
На денешниот состанок Комисијата за заразни болести не предложила нови мерки до Владата, дознава „Локално“ од свои извори.
Засега на сила останува да важи полицискиот час од 22-05 часот кој беше донесен на 10 март, а ќе трае до 6 април.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.