ДПМ ќе ги соопшти добитниците на петте годишни награди за 2017 година

од Vladimir Zorba
92 прегледи

  Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги соопшти добитниците на наградите за најуспешни книжевни дела во 2017 година.

ДПМ доделува пет годишни награди: „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

На конкурсот на ДПМ пристигнаа 76 дела од сите жанрови. Одлуките за најуспешните остварувања ги донесоа жири-комисии составени од 15 истакнати писатели, универзитески професори, научни работници, критичари и есеисти.

Денеска ќе бидат соопштени добитниците на наградите, а ќе им бидат врачени на 13 февруари, на свеченост по повод 71 година од основањето на  македонската писателска асоцијација.