ДПМНЕ да не ги политизира случувањата во Канал 5 и да не ги дели граѓаните по етничка основа, бараат од СДСМ

од Nikola Popovski

ДПМНЕ да не ги политизира случувањата во Канал 5 Телевизија и да не ги дели граѓаните по етничка припадност, бараат од СДСМ.

Од партијата порачуваат дека медиумите денеска се слободни, работат и известуваат слободно во демократско општество а слободата на медиумите е на највисоко ниво досега.

-ДПМНЕ ја урна слободата во медиумите, СДСМ ја врати, сега сите го остваруваме правото на глас и слободен говор. Да се има различен став и да се дискутира е демократска придобивка. Дебатите и дебатните емисии постојат за да се изразат различни ставови и отворено да се разговара за сите општествени прашања, порачуваат од партијата на власт.

Оттаму се децидни дека сите јавни чинители внимателно треба да ги бираат зборовите и во своите јавни настапи да придонесуваат кон кохезијата во општеството.

-СДСМ вредносно и суштински нема да дозволи хистеријата на ДПМНЕ да доминира во јавниот дискурс ниту пак да се вратат мрачните времиња кога се водеше јавен линч на неистомисленици и кога граѓаните се делеа по партиска, етничка и друга припадност. Европски вредности, почит, разбирање се единствениот начин, стои во соопштението на СДСМ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ ги осуди нападите на владиниот советник Исмет Рамадани. Побараа Владата и премиерот Димитар Ковачевски треба под итно да се извинат и оградат од ставовите на својот советник.

-Во спротивно овој атак треба да се смета како смислено сценарио и позиции на владата. Не е прв пат првенци на владата да застапуваат ксенофобични ставови и да изразувааат непочит кон медиумите, соопштија од најголемата опизициска партија.

Слични содржини