Др.Митов: Македонија може да биде меѓу првите земји во Европа што ќе се ослободи од ковид 19

од Берта Китинска

Од досегашното однесување на омикрон, таму каде што е евидентиран во Европа, се претпоставува дека тој досега многу лесно шири, но не дава тешки симптоми како другите претходни варијанти, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

-Тоа е шанса да забрза колективен имунитет и ако се случи тоа пандемијата сама себе ќе се заврши, вели докторот и додава дека Македонија веројатно би била една од првте земји во Европа што ќе се ослободи од болеста бидејќи имаме голем број прележани.

Слични содржини