ДРАМА ВО БРИСЕЛ! Напад со нож во метро, цел на напаѓачот исклучиво ЖЕНИ

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Неколку лица се повредени во напад со нож на метро станица во Брисел, според белгиската веб-страница Le Soar.

Нападот се случил околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој бил уапсен, пренесува британски експрес, пренесува Танјуг.

Според еден сведок, целта на нападот биле жени.

Друг сведок навел дека најмалку една жена се здобила со повреди од нож по вратот.

Според некои наводи, човекот прво ги нападнал патниците во возот со нож, а потоа се симнал од возот и започнал да напаѓа други луѓе.

Полицијата потврди дека имало инцидент.

Слични содржини