Драма во Лондон, Челзи преку продолжение влезе во полуфиналето на ФА Купот

Победата на лондонскиот тим му ја донесоа Карни Чуквуемека во втората минута од судиското надополнување и Нони Мадуек во осмата минута од судиското надополнување.

од Бети Божиноска

Фудбалерите на Челзи се пласираа во полуфиналето на ФА Купот откако на домашен терен го совладаа Лестер со резултат 4:2. Челзи по првото полувреме водеше со 2:0, а головите за лондонскиот клуб ги постигнаа Марк Кукурела во 13. минута и Кол Палмер во првата минута од судиското надополнување.

Предноста на „сините“ можеше да биде и поубедлива, но Рахим Стерлинг не го искористи пеналот за Челзи во 26. минута.

Лестер се погрижи да не си замине од Лондон без борба. Со автоголот на Аксел Дисаси, Лестер го намали резултатот во 51. минута, а Стефи Мавидиди во 62. минута израмни на 2:2.

Сепак, во 73. минута Лестер остана со играч помалку, бидејќи Дојл беше исклучен, Челзи го искористи тоа па до крајот на натпреварот стигна до победа. Победата на лондонскиот тим му ја донесоа Карни Чуквуемека во втората минута од судиското надополнување и Нони Мадуек во осмата минута од судиското надополнување.

Манчестер Сити и Ковентри се пласираа во полуфиналето на ФА Купот, а во последниот четвртфинален натпревар ќе играат Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Слични содржини