Драмски театар почнува со санација и обнова на објектот

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Кровот на Драмски театар ќе се санира. Денеска, градежни работници земаа мерки за да се санира објектот, пренесува ТВ Телма. Според техничкиот директор на Драмски театар, Филип Гулевски најголема работа ќе има во фоајето, канцелариите и салата за изведба.

„Тоа се проблематични делови за кои мислам дека се направени кога се правело архитектонско решение, дека е несоодветно. И мали се падовите на кровот, на лимот и затоа кога доаѓа поголема количина на вода, таа си бара пат“, вели Филип Гулевски.

За поправката на кровот на Драмски театар, Министерството за култура издвои 54 илјади евра, а активностите ги врши градежната компанија „ Спектартермо“.