Дремнал во градината на кралицата во Бакингамската плата, па завршил в затвор

од desk2
84 прегледи

 

Во комплекост на Бакингамската палата провалил еден бездомник, кој четири часа спиел во градината на официјалната резиденција набританската кралица, по што е уапсен и оуден на 28 дена затвор.

Стивен Лулор (44) во заштитениот двор на кралскиот комплекс влегол на 16 јули и ја скршил огласната табла на металната решетка за да ја искористи како легло, соопшти судот во Вестминстер, пренесе Метро.

Безбедносните сили го затекланле Лулор како спие во близина на палатата нешто по 5 часот наутро, а тој легнал на скршената табла околу 1 часот.

Адвокатката на бездомникот вели дека тој само сакал малку да преспие и дека се извинува за проблемите што ги направил.

Лулор, кој на судот му се обратил преку видео линк вели дека е виновен за нанесената штета и за влезот во заштитена територија, велејќи дека „само сакал таму да се тргне од улицата“.

„Сте знаеле каде влегувате, а требало да знаете и какви последици ќе имате ког станува збор за безбедноста и трошоците. Порано сте осудувани 70 пати, а ова е само уште еден ваш престап во страшната низа“, вели судијата.

Лулор, кој причинил штета д 210 фунти, осуден е на затвор од 28 денапоради провала на заштитен имот и 21 ден поради нанесената штета, а казните ќе ги отслужува истовремено.