Претседателот на собранискиот Одбор за Косово, Милан Дрецун оценува дека создавањето голема Албанија е неповратен процес.

Тој вели дека ќе биде создадена во ова аили онаа форма, како и дека се чини оти ќе биде направена како противтежа на Србија, територија која пос војата големина, ресурси и демографија може да и парира.
„Ова е релана геополитичка процена и тоа е во интерес на западните земји. Јасно е дека тие не се противат на создавање голема Албанија“, вњли Дрецун за телевизија Пинк, додавајќи дека „не смееме да биде толку слепи да не видиме дека во 21 век ќе имаме голема Албанија“.
Овој факт, смета, мора да го прифатиме за да не отидеме на „терен на ирационално политичко однесување“.
Според него, „Албанија се што прави, прави за да одземе територија на Србија, а да створи голема Албанија, напоменува, „нецивилизациска и дестабилизирачка“ постапка. Како клучен настан од минатата година тој го оценува писмото на американскиот претседател Доналд трамп велејчи дека во него „се отвора простор за разговори за Косово“, ѓто с еочекува оваа година.
Според Дрецун, Приштина мора да ги укине таксите за српската стока, затоа што голем предизвик за Албанците е да ја блокираат иницијативата на Трамп, како и ставот на Русија за косовскиот пробем кој треба да се реши.
„Јасно е дека Србија нема да дозволи за Косово да се одлучува еднострано“, вели Дрецун, говорејчи за посетата на рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека оваа година главен збор околу прашањата за Косово ќе водат големите сили: Вашингтон, Москва и Пекинг.
Дрецун вели дека мора да бидеме свесни со колкав капацитет располага Русија кога станува збор за решавање на косовксиот проблем.
„Русија ни треба да не зајакне кај Американците, затоа што кога Русија се залага за нас, Американците знаат дека не може ни едно решение да се протурка без нејзина согласност“, вели Дрецун.