Дрита Ислами и Дарио Ивановски на ЕП во атлетика во Берлин

од desk2
170 прегледи

Македонија на Европското првенство во атлетика, што се одржува во Берлин од седми до 12 август, ќе ја преставуваат само двајца натпреварувачи – Дрита Ислами и Дарио Ивановски.

Ислами ќе трча во дисциплината 400 метри со пречки, а ќе настапи на седми август во утринската програма. Нејзин најдобриот резултат на оваа делница е 59.33 секунди од јуни минатата година. 

Дарио Ивановски ќе се натпреварува во дисциплината 1.500 метри, а неговиот квалификациски настап е на осми август. Најдобар негов резултат на оваа делница е 3:47.13 минути.

Игор Јакимовски ќе биде официјално лице и тренер на македонската репрезентација. Викендов тие ќе заминат во Германија.