Државјанин на Македонија фатен при шверц на 10.000 парчиња цигари и 9,7 литри ракија во Хрватска

од Vladimir Zorba

На граничниот премин „Товарник“, при влез во царинското подрачје на Унијата, подрачните единици на Службата за мобилни единици Осиек, издвоија за контрола приватен автомобил со швајцарски регистарски таблички со кој управувал државјанин на Северна Македонија.

При деталниот преглед на возилото, во просторот за резервна гума се пронајдени 6.000 парчиња цигари „Вест Силвер“, 4.000 парчиња цигари „Жаде Ла Розе“ и 9,7 литри ракија за кои се пропишани забрани и ограничувања при увоз, а кои возачот се обидел на скришен начин да ги внесе на подрачјето на Унијата“, се наведува во соопштението на хрватската царина.

Пронајдената стока е одземена, додаваат од царината, а на возачот му е изречена казна од 13.272 евра, а пресметана и наплатена му е трошарина за цигари во износ од 1.419 евра.

Слични содржини