Државно првенство во пинг понг за основни училишта

од Марта Пешевска
214 прегледи
  Во основното училиште Коле Канински во Битола во организација на Федерацијата за училишни спортови во соработка со ППФМ се одржа државното првенство во пинг понг во конкуренција на основни училишта. На првенството учествуваа 34 момчиња и 19 девојчиња од основните училишта од цела Македонија.
  Државното првенство помина во пријатна атмосфера, во дружење на најмладите играчи и нивните наставници. Најголем успех постигнаа играчите кои активно тренираат во некој од клубовите кои учествуваат во првенството во пинг понг на Република Македонија. 
  Системот на натпревари беше организиран на тој начин што учесниците во првата фаза играа во групи според репасаж систем, при што двајцата најуспешни во секоја група го продолжуваат натпреварувањето во втората фаза на директни елиминации.
 Посебно интересни беа финалните натпевари во кои имаше неизвесна борба, пресврти и многу возбудливи поени. 
Финале Момчиња: Даниел Зхоу Главевски – Лука Стојчев 2:1
Финале Девојчиња: Васе Богоевска – Сара Стојановска 2:1

Пласман Момчиња:
  1. Даниел Зхоу Главевски
  2. Лука Стојчев
  3. Кенан Асанов
  4. Антонио Крстевски    

Пласман Девојчиња:

  1. Васе Богоевска
  2. Сара Стојановска
  3. Софија Хасану
  4. Деспина Ристовска