ДС: Да и се овозможи на Силјаноска да полага матура

од Vladimir Zorba

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид да ѝ се овозможи да го полага пропуштениот испит веднаш, бидејќи грешката е на училиштето.

Јасно е дека пропустот го направиле одговорните во СОУ „Свети Климент Охридски“, тие треба да ја коригираат грешката и на ученичката да ѝ дозволат да полага веднаш, за да може да ги фати роковите за упис на некој од факултетите. Не е педагошки и човечки полагањето да го одлагаат за следната сесија и да даваат изјави и коментари несоодветни за образовна институција.

Демократскиот сојуз го повикува министерот за образование да реагира соодветно и да води грижа за секој ученик посебно, доколку е обесправен.

Слични содржини