Дубровник: Бурата на плажа исфрли мина (Видео)

од desk2
100 прегледи

Во текот на ноќта на плажата „Бање“ во Дубровник морето исфрлило противбродска мина од Втората светска војна, јави полицијата.

Во Дубровник, бурата со денови нанесува големи количини гранки, пластични шишиња, и друг отпад, а морето исфрли и експлозивна мина.

Полицијата е на местото каде е најдена мината.