ДУИ демантира дека инцидентот во Мала Речица бил во седиштето на ДУИ

од Vladimir Zorba

 Во вооружениот инцидент што се случи вчера во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката. Меѓу повредените лица, според очевидци, е и братот на Неип, Сабри Реџепи, кој, наводно, се здобил со лесна повреда на ногата. 

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите синоќа ги демантираше информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

– Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентетите кои немаат врска со ДУИ и за ДУИ, се вели во соопштението од партијата.

Приведени по вооружениот инцидент во Мала Речица каде е убиено едно лице

Слични содржини