Приведени по вооружениот инцидент во Мала Речица каде е убиено едно лице

од Vladimir Zorba

 

Лицето кое денеска беше убено во вооружан инцидент во тетовското село Мала Речица во близина на седиштето на ДУИ е Наим Реџепи од Куманово.

Како што потврдија за МИА од МВР, денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.Приведени се две лица во врска со инцидентот.

Како што пишува ТВ Телма,  станува збор за две ривалски кумановски групи на Демократската Унија за Интеграција. Тие пред да се случи инцидентот излегувале од седиштетот од Мала Речица кое е само на околу триста метри од местото на вооружената пресметка. Две од лицата кои пукале се фатени од полицијата во близина бензиската Пумпа Макпетрол на излезот од Тетово кон Скопје.

Од Демократската Унија за интеграција демантираат дека вооружениот инцидент има било каква поврзанот со партијата.

„Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информација во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентетите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција“, се вели во соопштението на ДУИ.

Вооружена пресметка пред седиштето на ДУИ се случи и пред 8 години кога вооружен напаѓач пукаше кон лидерот на партијата Ахи Ахмети.

Инцидентот, како што претходно јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.

Слични содржини