ДУИ го почитува ажурирањето на црната листа на САД

од Nikola Popovski
88 прегледи

Демократската унија за интеграција изразува почит за одлуката на Стејт департментот, со која функционерот на партијата, Артан Груби и судијата од Апелациониот суд, Енвер Беџети се ставени на црната листа со санкции на САД.

„Како партија остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и зајакнувањето на демократските вредности и транспарентноста“, се вели во кусото партиско соопштение.

Од ДУИ потенцираат дека партнерството со САД останува клучно за зајакнување на демократските вредности и транспарентноста.

Неодамна американската амбасадорка Анџела Агелер откри дека црната листа на САД со македонски државјани е многу динамична и дека постојано се дискутира и се разгледуваат нови имиња. Сепак рече дека нема рок кога ќе бидат објавени.

-Тоа е одлука на Вашингтон, но можам да ве убедам дека додека зборуваме овде, одреден број на имиња се разгледуваат. Ние во секое време работиме на нови имиња и правовремено ќе ги дознаете, кажа Агелер во рамки на Конференцијата за борба против корупцијата во Западен Балкан.

Слични содржини