ДУИ го поднесе Законот за ветинг, се надеваат дека ќе се изгласа предизборно

од Aleksandar Todeski
311 прегледи

Демократската Унија за Интеграција во Собранието го достави Законот за ветинг, со кој би се формирала Агнеција која ќе ги испитува сите кандидати за пратеници, но и за државни функции. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби кажа дека овој Закон ќе биде ставен на Комисијата за европски прашања и се надева дека овој пратенички состав ќе го донесе.

„Денеска, пратеничката група на ДУИ го поднесе т.н. Закон за ветинг, се надеваме дека ќе го усвоиме и на следните избори ќе настапиме со агенција која ќе ги испитува сите кандидати и носители на државн, за да знаат за кого ќе се определуваат“, рече Груби.

Пратеникот се надева дека сите пратеници ќе дадат поддршка за Законот за ветинг, додавајќи дека истиот е веќе во собраниска процедура.

А.Т.

Слични содржини